Екипата на Бутел Скопје забележа висока победа против екипата на Радовиш со конечни 36-20 во натпревар од Супер лигата.
Тимот на Бутел Скопје во текот на целиот натпревар имаше висока предност, па на крај да слави висока победа против Радовиш.
Најефикасен во редовите на Бутел Скопје беше Димитар Узунчев со девет гола, додека кај Радовиш најефикасни беа Васе Петров и Славе Јанковски со по четири гола.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷








