Започна кампањата на Еурофарм Пелистер “средба со легендите” – Атанас Нашоку – Саку (ФОТО)

“Средба со легендите” – Еурофарм Пелистер ја активираше својата кампања сите ракометари кои го носеле дресот на клубот најмалку на сто натпревари да добијат сезонски билет и да бидат со клубот на секој домашен натпревар.

Атанас Нашоку – Саку е симбол на едно време и на една генерација која го зацврсти ракометот на пиедестал во Битола и им го вметна под кожа на битолчани. Носејќи го дресот на Пелагонија играше во Првата југословенска лига против најдобрите во големата држава. Во генерацијата со Гоцевски, Русмир, Димитровски, Баевски, Багевски, Јанков жареше и палеше на отвореното ракометно игралиште во Битола. Илјадници битолчани ги гледаа своите идоли и нивниот уникатен стил.

Денес Нашоку зад себе има и успешна кариера како фото-мајстор со над 55 години творештво, со објектив што уловува магија, мимолетни моменти и лица полни со живот.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *