Младиот десен бек Ѓеорѓи Соколов, кој во минатата сезона настапуваше за РК Радовиш, од оваа сезона го продолжува својот развој во германскиот клуб ТВ Бисендорф Холте.
Осумнаесетгодишниот ракометар ќе настапува во Јуниорската Бундеслига (У19), а во текот на сезоната ќе добие шанса да заигра и во германската Трета лига, каде ќе собира драгоцено искуство.
Во дресот на РК Радовиш, Соколов ја искористи секоја укажана можност и покажа дека поседува голем талент и потенцијал. А посакува и шанса во младинската репрезентацијата
Во редовите на ТВ Бисендорф Холте е од крајот на септември, каде редовно тренира и со првиот тим и со јуниорската екипа, а веќе ги забележа и првите настапи во новата средина.

(фото – Рк ТВ Бисендорф Холте)📷








