Интервју со ракометарката на ЖРК Стружанка, Еџе Сејадин

Продолжуваме со серијата на интервјуа, овој пат направивме интервју со ракометарката на ЖРК Стружанка, Еџе Сејадин, која настапува во сениорската екипа.

1. На колку години започна да тренираш ракомет?

  • Првпат започнав да тренирам ракомет на 11-годишна возраст. Со голема љубов и возбуда кон спортот.

2. Кој беше твој прв клуб?

  • Прво започнав во КЛ7 – Кирил Лазаров во Струга каде што поминав неколку месеци, а потоа продолжив во ЖРК Стружанка. По една година тренирав во ЖРК Младост во Ресен, каде што најмногу напредував и им должам голема благодарност на моите тренери.

3. Од новата сезона си во Стружанка какви се условите?

  • Стружанка ја засакав уште првпат кога започнав да тренирам во Струга на мали години, затоа посакав повторно да го продолжам патот со Стружанка иако имав и други понуди. Условите се одлични, задоволна сум и се надевам дека заедно ќе постигнеме големи успеси во иднина.

4. Дали во иднина би сакала да го носиш дресот на репрезентацијата на Македонија?

  • Голема чест и гордост е да се носи дресот на репрезентацијата на Македонија и тоа е нешто што искрено многу би сакала да го остварам. За жал знаеме дека секогаш не зависи сè само од нас но сепак никако не се откажувам, верувам во себе, работам најупорно и без разлика дали тоа ќе биде сега, за две, пет или после повеќе години, сигурна сум дека еден ден ќе го носам националниот дрес.

5. За крај на интервјуто што ќе изјавиш?

  • Ракометот ме научи на многу работи и продолжува да ме учи. Колку што е потежок патот, толку поголема е победата на крај. И јас одам по тој пат. Секој ден тренирам со дисциплина и љубов кон ракометот и постојано се трудам да бидам најдобрата верзија од себе. Сепак треба помалку зборови, а повеќе работа – преферирам да зборувам на терен.





(фото – ЖРК Стружанка)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *