Екипата на Ѓорче Петров забележа висока победа против екипата на Астибо со конечни 42-27 во Женската Супер лига.
Тимот на Ѓорче Петров во текот на целиот натпревар имаше водство, па на крај да го совлада Астибо.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Стефанија Ѓорѓиевска со десет гола, додека кај Астибо најефикасна беше Марија Анчева со девет гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷








