Стевче Алушовски е нов тренер на Еурофарм Пелистер

Стевче Алушoвски е нов тренер на Еурофарм Пелистер и ќе ја води екипата до крајот на оваа сезона.

53-годишниот тренер по неколку години се враќа во својот матичен клуб, во улога на тренер на шампионот на Македонија. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола – Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер.

Нашиот прославен репрезентативец тренерската, како и играчката кариера, ја започна во Битола. Во македонскиот ракомет ги водеше Вардар 1961 и Охрид, а кратко работеше и во Исланд.

Прозивката на новиот тренер е закажана за во среда на 14 јануари со почеток од 17:00 часот.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *