Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ги започна подготовките за вториот дел на сезоната.
Без девет репрезентативци, кои ќе настапат на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, пелистерци одржаа работен состанок и прв тренинг во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Под палката на асистентот Алексо Лембанов, ракометарите ја одработија првата тренинг сесија.
Деновиве се очекува пристигнувањето на новиот тренер Стевче Алушовски и комплетирање на ростерот со доаѓањето на Алем Хаџиќ и Саид Хаидарирад.
Во текот на месец јануари Еурофарм Пелистер ќе се подготвува во Битола и ќе одигра неколку тест натпревари.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷











