Екипата на Куманово стартуваше со подготовките пред продолжение од машкиот ракометен шампионат под водство на српскиот ракометен стратег Александар Радосављевиќ.
Радосављевиќ во својата кариера зад себе има богато ракометно тренерско искуство и знаење кое во периодот кој следи ќе го пренесе на младите ракометари на тимот од Куманово.
“Навистина ми е драго и за мене е голема чест што ќе бидам дел од тимот на МРК Куманово и ќе ја предводам оваа екипа. Ме радува фактот што доаѓам и ќе работам во најсилната Лига на Балканот како што е македонската ракометна Супер Лига и во држава каде ракометот е спорт број еден. Што се однесува до МРК Куманово уште од почетокот ми се допадна тимот затоа што станува збор за релативно млада и амбициозна екипа која има желба за докажување, управа која комплетно стои зад екипата и ги обезбедува максимално сите услови нормално да се работи, а исто така става акцент што и посебно треба да се истакне дека се работи со помалите младински категории и мисли на иднината на овој спорт”, – изјави тренерот на Куманово, Александар Радосављевиќ.
(фото – МРК Куманово)📷








