Екипата на Охрид, која има високи амбиции за продолжението од сезоната во Супер лигата ги продолжи договорите со тројца ракометари.
Станува збор за ракометарите Никола Ристески, Иван Тасески и Дејан Кукуловски кои ги продолжија договорите со Охрид.
Левото крило Никола Ристески и пивотменот Иван Тасески ги продолжија договорите со клубот до 2028 година, а левиот бек Дејан Кукуловски до 2027 година.

(фото – ГРК Охрид)📷








