Аеродром означи старт на подготовките за вториот дел од сезоната (ФОТО)

Ракометарите на Аеродром тренираат веќе една седмица за пролетниот дел од сезоната во Првата лига.

Под водство на тренерот Митко Стоилов, ракометарите на Аеродром кои завршија во ТОП 5 на табелата по есенскиот дел, во СЦ „Јане Сандански“ ќе ги одработат тренинзите за предизвиците кои следуваат.

Екипата ја напушти само пикерот Матеј Марковски кој се пресели во суперлигашот Бутел Скопје, а за напролет клубот ќе смета на шест нови ракометари.

Станува збор за пикерот Ангел Мирчески, десното крило Петар Тодоровски, голманот Филип Митев, средниот бек Стефан Стефаноски и левото крило Аган Бериша.

(фото – Рк Аеродром)📷









Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *