Македонија ја совлада селекцијата на Романија

Машката сениорска репрезентација на Македонија забележа победа против селекцијата на Романија со конечни 24-23 на ЕП 2026 година.

Селекцијата на Македонија од почетокот на натпреварот имаше водство и на полувреме замина со водство од 13-9.

Во второто полувреме Македонија продолжи со водството, иако имаше мал пад во играта сепак на крај триумфираше против Романија со погодок на Ненад Костески во последните секунди.

Најефикасни во репрезентацијата на Македонија беа Филип Кузмановски со девет гола и Ненад Костески со четири гола.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *