Мирјета Бајрамоска ќе биде гостин на турнирот што го организира Атлетик

На огромно задоволство на Атлетик, една од најдобрите Македонски ракометарки на сите времиња во македонскиот ракомет – Мирјета Бајрамоска ќе биде специјален гостин на пријателскиот турнир “Атлетик и пријателите”.

Мирјета Бајрамоска е родена на 22 ноември 1984 година во Битола. Настапуваше за Пелистер, Еуростандард Ѓорче Петров, Кометал Ѓорче Петров, Металург, Драмас (Грција), Аликанте (Шпанија), Крим Меркатор (Словенија) и Вардар.

За Македонската репрезентација гордо настапуваше 15 години и беше една од лидерите на Женската Македонска репрезентација, пример за успешен спортист и освојувач на многу признанија.

Во сезоната 2009/10 како играч на Металург во Европскиот Челинџ куп беше најдобар стрелец со 69 постигнати голови.

“Како наша многу драга пријателка на ЖРК Атлетик, Мирјета на нашиот турнир ќе има улога во изборот на НАЈДОБАР ИГРАЧ на натпреварите”, – објавија од ЖРК Атлетик.

(фото – ЖРК Атлетик)📷


Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *