Екипата на Прилеп, која има високи амбиции за вториот дел од сезоната во Супер лигата се засили со нов ракометар.
Станува збор за ракометарот Никола Шипинкоски, кој ќе настапува во Прилеп до крајот на сезоната.
Ракометарот Никола Шипинкоски настапува на позицијата десен бек и претходно беше дел од екипата на Охрид.

(фото – Рк Прилеп)📷








