Левиот бек на Вардар, Филип Талески, кој го напушти тимот во продолжението од сезоната ќе има нов предизвик во ракометната кариера.
Ракометарот Филип Талески во продолжението од сезоната ќе настапува за екипата на Татабања од Унгарија.
Филип Талески освен во напад може да одигра и во одбрана. Тој во Македонија настапуваше за екипите на Металург и Вардар, додека во странство настапуваше за екипите на Рајн Некар Левен, Балинген и Бенфика.

(фото – Рк Татабања)📷








