Машката сениорска репрезентација на Хрватска ја совлада селекцијата на Исланд со минимални 34-33 и го освои 3. место на Европското првенство 2026 година.
Иако селекцијата на Исланд во последните неколку минути добро парираше, но сепак Хрватска успеа да слави победа.
Најефикасен во редовите на Хрватска беше Лучин со девет гола, додека кај Исланд беше Магнусон со 12 гола.

(фото – Ракометна Федерација на Хрватска)📷








