Екипата на Охрид, која има високи амбиции за вториот дел од сезоната во Супер лигата се засили со нов ракометар.
Црногорскиот репрезентативен лев бек, Вуко Борозан (203цм, 31 година), потпиша миниум до крај на сезоната.
Вуко доаѓа од Вардар, а во својата богата кариера има настапувано за екипите на Веспрем, Загреб, Ловќен, Металург. Веќе повеќе од деценија е еден од лидерите на црногорската репрезентација.
“Многу сум среќен што потпишав за екипа со големи амбиции, екипа која има одлични ракометари. По разговорот со тренерот Ројевиќ и управата на Клубот одлучив да ја продолжам својата кариера во Охрид. Пред нас следуваат многу натпревари, а нашиот тим ќе атакува на сите три трофеи! Ги поздравувам охридските навивачи, групата “Рибари” да не бодрат во што поголем број за да стигнеме до целите на клубот”, – изјави Вуко Борозан.


(фото – ГРК Охрид)📷








