Тимот на Радовиш е подготовен за вториот дел од сезоната (ФОТО)

Ракометниот клуб Радовиш го одржа последниот подготвителен тренинг пред почетокот на продолжението на пролетниот дел од сезоната и натпреварите што следуваат.

Радовиш е подготвен за натпреварот во Кавадарци против домашната екипа на Тиквеш, со променет и подмладен состав кој со голем ентузијазам влегува во завршните натпревари од сезоната и плеј-аут фазата.

Екипата претрпе значајни промени, како во играчкиот кадар, така и на тренерската позиција, каде што кормилото го презеде Спасе Ѓоргиев.

Екипата е дополнета и во составот се повеќе млади ракометари кои потекнуваат од младинските категории на клубот: Стефан Велков, Александар Ѓоргиев, Драган Глигоров и Јован Митев, Стефан Трајанов, Трајче Манасоев, а како повратник во екипата повторно е Манас Манасов.

Од управата на клубот најавуваат поголема минутажа за младинците, со посветена и континуирана работа со младите категории. Веќе се забележува напредок кај младите и надежни ракометари, кои претставуваат иднина на клубот.

(фото – Рк Радовиш)📷










Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *