Екипата на Македонија Ѓорче Петров, која има високи амбиции за вториот дел од сезоната во Првата лига се засили со двајца нови ракометари.
Станува збор за ракометарите Панче Ристевски и Димитар Гиевски кои ќе го носат дресот на Македонија Ѓорче Петров во продолжението од сезоната.
Ракометарот Панче Ристевски настапува на позицијата лев бек, додека Димитар Гиевски настапува на голманската позиција.
Панче Ристевски има настапувано за екипите на Бисинов Фруитленд и Фруитленд Борец, додека Димитар Гиевски доаѓа од младинските категории на Алкалоид.

(фото – Рк Македонија Ѓорче Петров)📷








