Екипата на Охрид ја очекува натпревар на домашен терен против екипата на Дукла Прага во осминафиналето од Европскиот Куп.
Ракометарот на Охрид, Николаос Лиапис изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат против тимот на Дукла Прага.
“Возбудени го очекуваме претстојниот европски натпревар. Тренираме напорно и сме целосно подготвени, иако немаме играно тежок меч веќе некое време. Ќе се бориме за уште едно коло во ракометна Европа”, – изјави ракометарот на Охрид, Николаос Лиапис.

(фото – ГРК Охрид)📷








