Игор Ѓоргиев го продолжи договорот со Алкалоид

Екипата на Алкалоид останува доследна и ја продолжува својата клупска стратегија да гради тим за иднината со македонски играчи.

Алкалоид го продолжи договорот со капитенот и средниот бек Игор Ѓоргиев, кој останува во клубот и понатаму.

“Со задоволство ја информираме јавноста дека продолжен е договорот со нашиот капитен, средниот бек Игор Ѓоргиев (25), кој реши да остане лојален на нашиот клуб. Ракометарот кој е и актуелен репрезентативец на Македонија е член на нашиот клуб од 2021 година”, – објавија од Рк Алкалоид.

(фото – Рк Алкалоид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *