Во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) беше одржан состанок со ЕХФ и ИХФ судиските парови.
На состанокот се разговараше за принципите на транспарентност, објективност и непристрасност, како и за доследна примена на судиските критериуми во пресрет на натпреварите од плеј-оф и плеј-аут фазата во натпреварувачката сезона 2025/26.
“РФМ останува посветена на обезбедување фер и професионални услови за сите учесници во натпреварувањето”, – објавија од Ракометната Федерација на Македонија.

(фото – РФМ)📷








