Екипите на Охрид, Алкалоид и Бутел Скопје ги добија противниците во 2. коло од Европскиот Куп во машка конкуренција.
Тимот на Охрид за противник го доби тимот на Спор Тото од Турција, додека тимот на Алкалоид за противник ја доби екипата на Ферлах од Австрија, а ракометарите на Бутел Скопје ќе играат против тимот на Горица од Хрватска.
Првите натпревари на програмата за трите екипи се на 17 или 18 октомври, додека реванш натпреварите се на 24 и 25 октомври.
(фото – Рк Алкалоид)📷








