Младиот Стојан Иванџиков дебитираше за Младост Богданци

Екипата на Младост Богданци забележа победа против Текстилец со високи 36-22 и се пласираше во наредната фаза од Купот на Македонија.

На овој натпревар свое деби имаше и младиот ракометар Стојан Иванџиков, кој дебитираше за првиот тим на Младост Богданци на само 13 години.

Ракометарот Стојан Иванџиков на своето деби постигна и гол за дресот на Младост Богданци. Тој настапува на позицијата десен бек.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *