Екипата на Охрид ја очекува натпревар на домашен терен против екипата на Тиквеш во натпревар од групната фаза од Купот на Македонија.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Иван Тасески, кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против Тиквеш.
“Овој викенд ги играме натпреварите од групната фаза на Купот на Македонија. Одиме натпревар по натпревар, фокусирани сме на овој меч, со добра одбрана од самиот почеток на натпреварот да извојуваме победа и да го чекаме победникот од другиот натпревар”, – изјави ракометарот на Охрид, Иван Тасески.

(фото – ГРК Охрид)📷








