Еурофарм Пелистер го совлада Прилеп и обезбеди место на Ф4 турнирот во Купот на Македонија

Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа против екипата на Прилеп со конечни 30-28 во Купот на Македонија и се пласираше на Ф4 турнирот.

Тимот на Прилеп парираше во текот на целиот натпревар, но сепак на крај на победа се радуваше Еурофарм Пелистер.

Најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер беа Анџеј Видомски и Петар Атанасијевиќ со по шест гола, додека кај Прилеп најефикасен беше Денис Шабановиќ со осум гола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *