На свечена церемонија „Спортист на годината 2025“, организирана од Општина Битола беа прогласени најдобрите ракометари, ракометарки и клубови.
Екипата на Еурофарм Пелистер е прогласена за најдобар сениорски тим во Битола, а кадетскиот тим е прогласен за најдобар младински тим.
Филип Кузмановски е прогласен за најдобар спортист во колективни спортови, Никола Митревски е прогласен за втор најдобар спортист, а Самоил Ристевски е прогласен за најдобар млад спортист.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷













