Екипата на Тиквеш во новата сезона покрај Супер лигата ќе биде активен и во Европскиот Куп.
Тимот на Тиквеш доби вајлд-карта од Европската ракометна федерација (ЕХФ) за новата сезона 2026/2027.
Составот на Тиквеш, кој бараше вајлд-карта, ќе стартува уште од првото коло на ова натпреварување и од вториот шешир.
“Да се биде дел од Европа четири последователни сезони е потврда за стабилноста, континуитетот и работата што сите заедно ја градиме”, – објавија од ГРК Тиквеш 2014 на социјалните мрежи.
(фото/видео – ГРК Тиквеш 2014)📷








