Ракометарките на Пелистер остварија победа против ракометарките на Стружанка со конечни 34-23 во Купот на Македонија.
Составот на Пелистер одигра добар натпревар, па на крај заслужено да ја совлада Стружанка.
Најефикасни во редовите на Пелистер беа Анастасија Тодоровска и Даниела Шиниковска со по осум гола, додека кај Стружанка најефикасна беше Еџе Сејадин со девет гола.
(фото – ЖРК Пелистер)📷








