Сара Богојеска го продолжи договорот со Атлетик

Екипата на Атлетик, која има високи амбиции во Женската Прва лига го продолжи договорот со актуелна ракометарка.

Станува збор за ракометарката Сара Богојеска, која го продолжи договорот со Атлетик до 2029 година.

Својата ракометна кариера ја започнува во Деспина, а потоа настапува за Куманово и Вардар. Во 2021 година добива повик за кадетската репрезентација, по што продолжува и во младинската селекција.

(фото – ЖРК Атлетик)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *