Двата натпревари меѓу екипите на Охрид и Олимпијакос во рамки од Европскиот Куп ќе бидат без гостински навивачи.
Оваа информација беше соопштена од ГРК Охрид на социјалните мрежи, па така во Македонија и Грција нема да има гостински навивачи на двете екипи.
“Почитувани симпатизери, навивачи на ГРК ОХРИД и љубители на ракометната игра!Имајќи ги во предвид немилите настани кои се случија за време на одигрувањето на финалниот натпревар во ЕХФ Купот во натпреварувачката сезона 2024/2025 кој требаше да се одигра во Скопје помеѓу екипите на РК Алкалоид од Република Македонија и РК АЕК од Република Грција, а кој поради веќе познати причини не беше одигран, Ве информираме дека по барање на Европската Ракометна Федерација, ГРК Охрид и РК Олимпијакос по меѓусебната комуникација овие минати денови, а со цел да биде избегната ситуација слична или иста на онаа од минатата година, заеднички одлучија дека двете екипи нема да вршат продажба на билети на гостински навивачи и симпатизери на натпреварите на кои ќе се јават како организатори од четвртфиналната фаза на ЕХФ Европскиот Куп”, – објавија од ГРК Охрид на социјалните мрежи.
Екипата на Охрид ќе биде домаќин на вториот четвртфинален натпревар, кој ќе го одигра против екипата на Олимпијакос на ден 04.04.2026 година во 18.00 часот во СРЦ “Билјанини Извори”, во Охрид.
(фото – ГРК Охрид)📷








