Екипата на Атлетик оствари висока и убедлива победа против екипата на Стружанка со конечни 35-19 во Женската Прва лига.
Составот на Атлетик и на полувреме имаше високо водство од 17-8, па така во второто полувреме да ја завери победата против Стружанка.
Најефикасни во редовите на Атлетик беа Моника Босилковска, Мирјана Думбалоска и Исидора Котевска со по пет гола, додека кај Стружанка најефикасна беше Еџе Сејадин со осум гола.
(фото – ЖРК Атлетик)📷








