Екипата на Македонија Ѓорче Петров забележа победа на гостувањето кај екипата на Текстилец со резултат 34-30 во Првата лига.
Иако тимот на Текстилец имаше водство на полувреме со резултат 17-13, сепак во второто полувреме со пресврт Македонија Ѓорче Петров стигна до победа во Штип.
Најефикасен во редовите на Македонија Ѓорче Петров беше Михаел Тотиќ со 13 гола, додека кај Текстилец најефикасен беше Лазар Стојанов со 8 гола.
(фото – Рк Македонија Ѓорче Петров)📷








