Од Рк Кичево излегоа со соопштение за јавноста

Од екипата на Кичево излегоа со соопштение за јавноста, откако не се одигра натпреварот со Младост Богданци во рамки од Првата лига.

Во соопштението се наведува причината зошто не беше одигран натпреварот меѓу екипите на Кичево и Младост Богданци.

Почитувана јавност,почитувани медиуми сакаме да ве информираме за минатонеделниот натпревар од 19-коло од Првата Македонска Лига што не се одигра против Младост од Богданци.Најпрвин сакаме како управа на ракометнот клуб Кичево да е појасниме ситуацијата на македонската јавност.Кому му смета или му пречи на Кичево да нема спорт или ракомет и да не дисфалификуваат од лига?По настанатата ситуација со поплавите во нашиот град каде дел се поплавиаа и нашиот ракометен храм и поради кој неможеме да ги продолжиме натпреварите од втората полусезона да ги играме во нашиот град натпреварите ги играме во салата Билјанини извори во Охрид и да изразиме голема благодарност до градоналникот на Охрид Кирил Пецаков и управата на ГРК Охрид што ни пружија огромна помош излегоа во сусрет натпреварувачката сезона и натпреварите да ги продолжиме во нивната сала.Поради задоцнетото неделно делегирање од страна на ракометната федерациа од 19коло од Првата Македонска Лига истото немавме доволно време да го завериме известувањето до МВР Охрид што во петок поради државниот празник и во сабота неможеше истото да се завери од архива од МВР Охрид.Согласно со натпреварот го пријавивме во полиција телефонски кај комесарот и началникот,истите тие наложија и испратија екипа од 2ца полициски службеници на терен во салата Билјанини Извори во случај да не се случи несакана ситуација за да може да си пристапит полицијата службено.Самите службеници дојдоја да земаат податоци од натпреварувачките екипи име и презиме од службените лица самиот делегат им пристапи на полициските службеници побара да му се потпишаат тие на записникот што тоа не е во склоп на нивната работа а не место тој да им ги даде нивните податоци.Натпреварот небеше ни од висок ризик во саалата освем натпреварувачките екипи камерманот на лајф стрим и двајцата полициски службеници немаше присуство на никавки други лица поради што натпреварот се играше под затворени врати без никакво присуство на публика.Дали вака се помага спортот број1 во држава по настанатата ситуација во Кичево што го зафати поради поплавите накому на сетоа оваа му смета и пречи да не го продолжиме натпреварувањето.Со Почит и спортски поздрав РК.Кичево”, – стои во соопштението на Рк Кичево 2020.



(фото – Рк Кичево 2020)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *