Екипата на Тинекс Пролет забележа победа на гостувањето кај екипата на Радовиш со конечни 19-17 во плеј-аутот од Супер лигата.
Во текот на целиот натпревар беше неизвесно, иако составот на Радовиш добро парираше, но на крај Тинекс Пролет ги освои бодовите.
Најефикасен во редовите на Тинекс Пролет беше Давор Палевски со шест гола, додека кај екипата на Радовиш најефикасен беше Мартин Димов со пет гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷








