Екипата на Охрид ја очекува натпревар против екипата на Еурофарм Пелистер на гостински терен во плеј-офот од Супер лигата.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Ориол Реј Моралес, кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат против Еурофарм Пелистер.
“Ни следува тежок меч во одлучувачки момент од сезоната. Ние сме два тима кои играме на високо ниво и со добра подготовка и менталитет ќе имаме шанса за победа”, – изјави ракометарот на Охрид, Ориол Реј Моралес.

(фото – ГРК Охрид)📷








