Машката сениорска репрезентација на Тунис во иднина ќе има нов селектор кој ќе се обиде да донесе подобри резултати со репрезентацијата.
Станува збор за тренерот Тјери Анти, кој потпиша договор со Ракометната Федерација на Тунис до 2028 година.
Тјери Анти како тренер работеше во екипите на Нант, ПСЖ, Кретеј, Спортинг Лисабон и Шартр.

(фото – Ракометна Федерација на Тунис)📷








