Мартин Карапалевски потпиша за Охрид

Екипата на Охрид, која има високи амбиции во Супер лигата се засили со ракометарот Мартин Карапалевски.

Македонскиот повремен репрезентативец потпиша со ГРК Охрид миниум до 2028 година. Игра на позицијата среден бек, има 26 години (178 цм) и ќе го носи дресот со бр.11 следната сезона.

Доаѓа од шпанското првенство и одличните настапи за тимот на Ваљадолид по две сезони, а пред тоа го носеше дресот на Вардар.

“Се радувам што ќе бидам дел од ГРК Охрид, клуб кој расте од година во година. Уште од првите разговори ми се допадна идејата и проектот по кој клубот сака да се движи во наредните години. Со нетрпение чекам да настапам пред охридската публика и верувам дека заедно ќе се радуваме и ќе ги исполниме целите на клубот”, – изјави Мартин Карапалевски.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *