Екипата на Атлетик забележа висока победа против екипата на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 42-24 во Женската Прва лига.
Составот на Атлетик во текот на целиот натпревар го имаше водството, па на крај лесно да слави против Овче Поле Славјански Универзитет.
Најефикасна во редовите на Атлетик беше Анастасија Величковска со осум гола, додека кај Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Елена Вучевска исто така со осум гола.
(фото – ЖРК Атлетик)📷








