Лесна и убедлива победа за ракометарите на Бутел Скопје против екипата на Скопје со конечни 28-14.
Во салата “Антон Димитров” се играше мирно, кога домашната екипата ја имаше предноста на полувремето 14-6. Второто полувреме за Бутел Скопје беше заверка за победата во Суперлигата.
Најдобар кај Бутел Скопје беше Бојан Спасовски со седум голови, по него следуваше Мирко Мајиќ со пет погодоци, додека кај Скопје најдобар беше Леонид Киселовски имаше шест погодоци.
Рк Бутел Скопје 28-14 Рк Скопје 2020
(фото-Рк Бутел Скопје)