По одржаниот технички состанок, во пресрет на Светското првенство во училишен ракомет, познати се термините за настап на македонските кадетски селекции.
Машката кадетска репрезентација на Македонија натпреварите ќе ги одигра во салата „Македонско Сонце“.
Женската кадетска репрезентација на Македонија своите натпревари ќе ги одигра во салата „Крсте Мисирков“ – Гази Баба.
Кадетска репрезентација (мажи), распоред на натпревари:
22.04.2026 година од 10:30 часот (Македонија – Бугарија)
23.04.2026 година од 08:30 часот (Грузија – Македонија)
24.04.2026 година од 10:30 часот (Република Српска – Македонија)
26.04.2026 година од 14:30 часот (Саудиска Арабија – Македонија)
Кадетска репрезентација (жени), распоред на натпревари:
22.04.2026 година од 10:30 часот (Белгија – Македонија)
23.04.2026 година од 10:30 часот (Грузија – Македонија)
24.04.2026 година од 10:30 часот (Македонија – Словенија)
(фото – РФМ)📷








