Екипата на Вардар на социјалните мрежи објави дека во четврток на 23 април ќе прослави 65 години, па по тој повод клубот организира прослава со навивачите.
“Ве каниме на големата прослава на 65 РОДЕНДЕН на РК Вардар, која ќе се одржи во четврток (23 април 2026) во СЦ „Јане Сандандски”, каде во рамки на 6. коло од плеј-оф натпреварот од Супер лигата ќе ја пречекаме екипата на Алкалоид. По тој повод, ракометарите на Вардар ќе настапат во ретро дресови дизајнирани специјално за овој натпревар. Подготвуваме и уште многу изненадувања со кои ќе го прославиме овој важен јубилеј на нашиот Вардар”, – објавија од Рк Вардар 1961 на социјалните мрежи.
Почетокот на натпреварот е закажан за 18 часот, а час и половина порано (околу 16:30 часот) на платото пред салата ќе има организирана фан-зона поддржана од спонзорите на клубот, а наменета за сите посетители.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








