Екипата на Тинекс Пролет забележа победа против екипата на Еурофарм Пелистер 2 со конечни 27-25 во плеј-аутот од Супер лигата.
Составот на Тинекс Пролет имаше водство во текот на целиот натпревар, па на крај да слави победа против Еурофарм Пелистер 2.
Најефикасен во редовите на Тинекс Пролет беше Андреј Стојановски со седум гола, додека кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасни беа Христијан Митревски и Мохамед Азиз со по шест гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет) 📷








