Вардар организира фан-зона пред натпреварот со Монпелје

Вардар организира фан-зона пред натпреварот со екипата на Монпелје во рамки од четвртфиналето од Лигата на Европа.

Фан-зоната ќе започне од 18:30 часот пред салата “Јане Сандански”, каде ќе има штандови на спонзорите на клубот и други активности.

“Она што го почнавме со организирањето фан-зони, ќе продолжи и во иднина, со цел на навивачите да им понудиме место за меѓусебно дружење, забава и заедничко создавање атмосфера пред натпреварите. Најважна е позитивната енергија што сакаме да ја создадеме пред салата, а потоа да ја пренесеме и внатре, на трибините и на теренот”, – објавија од Рк Вардар 1961 на социјалните мрежи.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *