Екипата на Охрид ја очекува дерби натпревар на домашен терен против составот на Вардар во плеј-офот од Супер лигата.
За овој натпревар своја изјава имаше ракометарот на Охрид, Косуке Јасухира, кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат против Вардар.
“Одигравме добар натпревар минатиот пат во финалето на Купот, но сепак загубивме . Се надевам на победа во следниот натпревар на домашен терен, овој натпревар е многу важен за нас и ќе дадеме се од себе”, – изјави ракометарот на Охрид, Косуке Јасухира.

(фото – ГРК Охрид)📷








