Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа против екипата на Бутел Скопје со конечни 38-28 во натпревар од плеј-офот од Супер лигата.
Составот на Еурофарм Пелистер го имаше водството во текот на целиот натпревар, па на крај да го совлада Бутел Скопје.
Најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер беа Филип Кузмановски и Петар Атанасијевиќ со по осум гола, додека кај Бутел Скопје најефикасен беше Тодор Узунчев исто така со осум гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








