Екипите на Гевгелија Југ и Овче Поле Славјански Универзитет одиграа нерешено со конечни 29-29 во Женската Прва лига.
Иако тимот од Свети Николе имаше пенал за победа, но сепак не го реализираше и така двете екипи одиграа нерешено.
Најефикасна во редовите на Гевгелија Југ беше Нина Попова со десет гола, додека кај Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Анастасија Сентовска со 11 гола.
(фото – ЖРК Гевгелија Југ)📷








