Шарко – маскотата која ја освои ракометната публика (ФОТО)

Во рамки на конкурсот за избор на официјална маскота на Ракометната федерација на Македонија, Марко Поповиќ со својата креативност и оригинална идеја го создаде нашиот Шарко, кој денес е препознатлив симбол и миленик на ракометните фанови.

Како знак на благодарност за неговиот труд, креативност и придонес, на Марко му беше врачен дрес од македонската репрезентација со потписи од нашите ракометари.

“Голема благодарност до Марко Поповиќ за прекрасната идеја која прерасна во симбол на заедништво, радост и љубов кон македонскиот ракомет”, – објавија од РФМ на социјалните мрежи.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *