Екипата на Охрид забележа победа против екипата на Вардар со конечни 26-24 во натпревар од плеј-офот од Супер лигата.
Составот на Вардар на полувреме водеше со резултат 14-12, но во второто полувреме Охрид со добра игра стигна до победа.
Најефикасни во редовите на Охрид беа Анте Иванковиќ и Косуке Јасухира со по шест гола, додека кај Вардар најефикасен беше Жоао Педро со пет гола.

(фото – ГРК Охрид)📷








