Екипата на Алкалоид забележа победа на гостувањето кај екипата на Тиквеш со конечни 30-23 во натпревар од плеј-офот од Супер лигата.
Иако тимот на Тиквеш парираше во поголемиот дел од натпреварот, сепак составот на Алкалоид не дозволи изненадување, па триумфираше во Кавадарци.
Најефикасен во редовите на Алкалоид беше Урош Борзаш со седум гола, додека кај Тиквеш најефикасни беа Томче Стојановски и Богдан Мијушковиќ со по шест гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷








