Во просториите на Европската ракометна федерација (ЕХФ) беше извршена ждрепката за Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во женска конкуренција.
Во првото полуфинале ќе играат екипите на Брест Бретањ и Ѓер, додека во второто полуфинале ќе играат Мец и ЦСМ Букурешт.
Ф4 турнирот ќе се одигра на 6 и 7 јуни во салата “МВМ Дом” во Будимпешта (Унгарија).

(фото – ЕХФ)📷








